еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Заеднички постигнавме договор со кој се обезбедуваат најмалку 80 пратеници

Владата и осумтемина пратеници од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои во првата фаза ги поддржаа уставните измени неопходни за усвојување на Договорот од Преспа, успеаа да постигнат договор за конечното усвојување на амандманите на Уставот со што е обезбедено неопходното двотретинско мнозинство.

-Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот.

Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од  Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани.

Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/ граѓани на Република Северна Македонија, стои во заедничкото соопштение на Владата и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прифатен амандман на Беса на Касами за појаснување на државјанството на граѓаните Албанци

СДСМ и Беса на Касами постигнаа договор за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Редакција

Власта се однесува како тврдоглаво дете кое ништо не слуша што му се кажува, вели Ивановска

Редакција

Затвор од три години за тие што ќе злоупотребат апликацијата за самопопишување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница