еМагазин
Image default
Бизнис

Влада: Условите за грантови ги исполниле 133 ресторани за свадби и 81 игротека

Владата на денешната седница го разгледа и го усвои Извештајот за реализација на Програма за поддршка на угостителскиот сектор во рамките на економските пакети за поддршка за справување со последиците од Ковид кризата која се реализираше во периодот ноември и декември 2020 година со буџет од  60.000.000 денари.

„Според информацијата заклучно со 04.12.2020 година, до Министерството за економија преку платформата www.domasiedoma.gov.mk пристигнале вкупно 238 апликации за грантови за ресторани за свадби, од кои 133 ги исполнија условите од јавниот повик и беа искористени средства во износ од 55.740.000 денари.

Со оваа програма беа опфатени и игротеките со вкупен буџет од 153.000.000 денари. На јавниот повик за поддршка на игротеките пристигнаа вкупно 119 од кои 81 ги исполнија условите и беа искористени средства во износ од 13.710.000 денари“, соопшти Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ќе соработува ли Македонија со корпорации блиски до Трамп

Редакција

Пад на прометот на Македонската берза во мај

Редакција

Реплек откупи сопствени акции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница