еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада: Злоупотребено гостопримството на МНТ, да се плати надомест за штетата од навивачите

Владата информира дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука кој помина во најдобар можен ред и за кој јавноста беше во целост запознаена.

Владата го оценува несоодвеното однесување како злоупотреба на гостопримството во Македонскиот народен театар, и истото најостро го осудува.

Очигледно е дека организаторот на овој настан, како и иницијаторот тој да биде одржан во МНТ, не го подготвиле и организирале настанот согласно стандардите и очекувањата за манифестации што се организираат во национални културни установи од највисоко значење.

Владата очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести направената штета во Националната установа Македонски народен театар и да се извини на граѓаните за несоодветното однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Одговорност за „реновирањето“ на МНТ: „Шверцерите“ го понижија Денот на албанската азбука

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забраната за извоз на оделни житарици и сончогледово масло продолжена до 15 мај, укината царината за увоз на масло за јадење до 31 мај

Редакција

Хуманитарниот концерт на Тодевеска за поддршка на семејствата на починатите во Кочани на 8.мај

Редакција

Казни за 747 лица за неносење маски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница