еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Само со лична карта низ Западен Балкан – Владата ја усвои информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење

Владата на денешната 95. седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан и го прифати усогласениот текст на Договорот.

Договорот ги опфаќа сите шест земји од регионот и тоа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, во рамки на Берлинскиот процес воден од принципите на правото на ЕУ, европските вредности и добрата пракса на ЕУ.

-Договорот предвидува исти услови за влез, транзит, излез и краток престој на физичките лица, односно на носителите на лични карти. Со склучувањето на овој Договор се потврдува изразената подготвеност за зајакнување на регионалната соработка и меѓусебното разбирање, што ќе придонесе за економскиот развој, зголемување на економскиот раст, инвестициите и вработувањата во Западен Балкан.

Исто така, земени се предвид заклучоците кои лидерите ги донесоа во рамките на Берлинскиот процес, истакнувајќи ја визијата за просперитет за луѓето од Западен Балкан, со цел да ги уживаат истите слободи, како и европските граѓани, информираат од Влада.

Соопштуваат дека воедно земена е предвид и Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар како катализатор за подлабока регионална економска интеграција кон единствениот пазар на Европската Унија, донесена на Самитот на лидерите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, реализиран во Софија на 10 ноември 2020 година.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарски невладин институт побара меѓународна ревизија да ги процени состојбите на автопатот „Струма“ на кој во автобуска несреќа загинаа 45 македонски државјани

Редакција

Нови два позитивни случаја на корона вирусот во Пехчево

Редакција

Поранешните професионални војници ќе ги обезбедуваат болниците

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница