еМагазин
Image default
Бизнис

Владата ја забрани работата на текстилните и кожарските фабрики во Штип, во претстојните три дена

Текстилните и кожарските фабрики на подрачјето на Општина Штип нема да смеат да работат за време на престојниот продолжен викенд, одлучи денес Главниот координативен кризен штаб врз основа на барање од Општина Штип, а со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, информираат од Владата.

„Главниот координативен штаб за обезбедување на целосна координација во врска со спречувањето на ширењето на Корона вирусот денес го разгледа и го прифати барањето за воведување на забрана за работа доставено од Општина Штип, односно се забранува издавањето на дозволи за работа за време на викенд за фабриките од текстилната и кожарската индустрија во подрачјето на Општина Штип, односно истите да останат затворени“, стои во извадокот од 67. состанок на Главниот координативен штаб.

Од таму потенцираат дека за сите останати правни субјекти и економски оператори, маркети и доставувачи на храна на подрачјето на Штип продолжуваат да важат претходно издадените дозволи за движење за време на полициски час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штипските епидемиолози продолжуваат со тестирањето на работниците и наредната недела

Официјално: Се враќа полицискиот час, целосен карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово…

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДЗС: Невработеноста падна на 17,8 отсто

Редакција

ЈП „Железница-инфраструктура“ вработува 15 лица, плата до 27.378 денари

Редакција

Горан Антевски купи 1.000 акции на Комерцијална банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница