еМагазин
Image default
Локално

Владата даде зелено светло: Хотелски комплекс, викенд населба и спортски центар ќе се градат кај езерото Треска

Владата на вчерашната редовна 147 седница, ја разгледа и усвои информацијата врз основа на која донесе одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на спортско-рекреативен центар Треска КО Глумово и КО Шишево, општина Сарај.

„Со оваа одлука се овозможува Општината Сарај да ја започне постапката за изградба на спортско рекреативен центар во близина на селото Глумово, кој ќе го опфати и езерото Треска, и кој вклучува изградба на викенд населба, хотелски комплекс и спортско рекреативен центар за развој на еко туризам“, велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Редакција

Трагедија: Еден починат, тројца тешко повредени по удар на воз во автомобил

Редакција

Жител на Добрејци нападнал полицаец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница