еМагазин
Image default
Локално

Владата додели три милиони евра на Град Скопје за изгрaдба на „Качанички пат“ во Визбегово

Владата наменски додели 3 милиони евра, од вкупна вредност од 6 милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат „Качанички пат” во Визбегово, до скопската обиколница, напиша денеска на својот Фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Тој информира дека во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги почнале последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт и врски, за, како што потенцира, да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

331 санкционирани возачи во Скопје: 93 за пречекорена брзина, 31 мотоциклист

Редакција

Директорка на студентски дом во Битола „работела“ и како секретар

Редакција

(Фото) Разбиена група на дилери и запленета дрога помеѓу кои и лице кое се барало со потерница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница