еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата донесе Урбанистички план за Интерконективниот гасовод со Грција

Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски ја разгледа и усвои информацијата за донесување Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за Интерконективен гасовод Македонија – Грција и го донесе Урбанистичкиот план.

„Проектот Интерконективен гасовод РС Македонија – Република Грција претставува секција (дел) од целокупната мрежа којашто треба да се изгради на територија на РС Македонија. Овој гасовод ќе биде гасовод што го поврзува системот за пренос на гас на РС Македонија со грчкиот Национален систем за пренос на природен гас (NNGTS) во Неа Месимвриа,“ се вели во соопштението.

Гасоводот, според посочувањето од Министерството за транспорт и врски, ќе биде составен дел од Националниот гасификационен систем во Македонија и ќе овозможи двонасочна трансмисија на природен гас на овој југоисточен дел од државата.

Делницата за интерконекција меѓу Македонија и Грција на територијата на нашата држава е со должина од 66,7 километри. Делницата почнува од границата со Грциjа и завршува кај Неготино, а крајната точка на оваа делница е спој со веќе изградената блок станица БС-08.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за склучување Дoговор за однапред резервиран капацитет (Advance reservation capacity agreement – ARCA), за резервирање капацитет на грчката страна од интерконекциската точка Евзони – Гевгелија и го одобри склучувањето на Договорот, донесувајки ја Одлуката со предложениот текст.

„Реализацијата на проектот за изградба на Интерконективен гасовод со Република Грција претставува магистрален гасовод за пренос на природен гас за поврзување на РС Македонија со Република Грција, што ќе овозможи обезбедување дополнителни количини природен гас на државата од различни извори на снабдување со природен гас.

Овој интерконективен гасовод ќе овозможи диверзификација, сигурност во снабдувањето и можност за намалување на увозната цена на природниот гас, бидејки ќе се обезбеди достапност на природен гас од повеќе различни извори на природен гас,“ се наведува во соопштението од Влада.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аирлија нов бегалец„: Твитер реакции за одлуката Катица Јанева да оди во домашен притвор

Редакција

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста на промената на името на државата во Северна Македонија

Редакција

„Жито Лукс“ оствари добивка од 645.000 денари за девет месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница