еМагазин
Image default
Бизнис

Владата ќе набавува еколошки возила

Владата дала насока до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на јавниот оглас за набавка на службени возила да види дали може одреден процент, од 20, 30, 50 отсто да се вклучат еколошки возила.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање при пуштање во употреба на спортска сала во основното училиште во Волково.

-Постојано го намалуваме и ќе го намалуваме бројот и дадовме инструкција на објавениот тендер на СОЗР да се види дали може 20, 30, 50 отсто да се вклучат во набавката електрични или еколошки возила, а инструкциите дадени до сите институции се да не набавуваат ако не мораат и да преминат на еколошките транспортни средства.

Секако, индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет, секако да го користиме јавниот превоз, а онаму каде мора како за инспекторатите, болнички возила да се набавуваат модерни еколошки возила вклучително електрични, каде ќе одиме со 0 проценти царини, данок, па дури и хибридните за да можеме да одиме во духот на заштита на животната средина и секако Владата да биде пример, изјави премиерот Заев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бенетон во Ист Гејт Мол ја отвори најголемата продавница во Македонија

Редакција

„Гранит“ ја зголеми добивката

Редакција

Од утре стартува дигиталната царина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница