еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Ќе има финансиска помош за фотографските студија и фитнес центри, во рамки на шестиот пакет економски мерки

Владата денеска го задолжи Генералниот секретаријат да го објави јавниот повик за финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од Ковид-19 економската криза.

„Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители и гости.

Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход, а дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година.

Рокот за поднесување на пријавите за овој јавен повик е 1 јуни 2021 година,“ се вели во соопштението на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 73 производи ќе се ограничат маржите

Редакција

Банките ќе ги изгаснат светлечките реклами еден месец, за да заштедат струја

Редакција

Стечајните работници кои ги исполнуваат условите од новиот Закон за стечајци, во рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница