еМагазин
БЕСПАРИЦА

Владата ги зголеми платите на вработените во основно и во средно образование

Владата донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за пет отсто, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава.

„За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018-тата година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно образование, вкупно 40 милиони денари“, соопшти владината прес-служба.

За реализација на предвиденото покачување на платите Министерството за образование и наука, како што велат од Владата, ќе потпише спогодби со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија.

Со Спогодбите се утврдуваат најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во основните училишта која ќе изнесува 12.714 денари и најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во средните училишта која ќе изнесува 13.117 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има финансиска поддршка за малите лозарски стопанства и за производителите на ориз

Редакција

Се очекува намалување на бројот на вработени во преработувачката индустрија

Редакција

Развојна банка: Сите 50,9 милиони евра од евтините кредити стасаа до домашните компании 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница