еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата го назначи Агрон Речи за нов Државен правобранител

Владата на денешната 147. седница донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен оглас.

Како што информираат од владината прес-служба, новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година.

Посочуваат дека тој по професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на Вања пратил смс-порака до грабнувачите на нејзиниот телефон

Редакција

(Фото+Видео) Три фирми за медицински канабис останаа без лиценци

Редакција

(Видео) Бугарите сакаат пак да не земаат – стогодишник од Караорман порачува: Не ја давајте Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница