еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата го одобри Анексот на Договорот за набавка на антиковид вакцини од СЗО за употреба во итни случаи

Владата денеска на седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување Анекс на Договорот за преземени обврски од 19 ноември 2020, кој го склучи со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ / GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за Ковид-19 преку КОВАКС – механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни антиковид – вакцини.

-За спроведување на набавката вакцината мора да виде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против Ковид-19 во однос на која ГАВИ има стапено во Обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација (СЗО), стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи, воспоставено од Строго регулаторно тело (СРТ) или Список за употреба во итни случаи на СЗО, соопшти прес-службата на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Универзитетот „Гоце Делчев“ за набавка на струја вреден 121.000 евра

Редакција

Кај 209 лица од заболените од коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Редакција

Повеќе од милион починати од Ковид-19 во светот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница