еМагазин
Image default
Македонија

Владата најави изградба на базени во 14 поголеми општини во државата

Ќе се градат 14 пливачки базени за што се обезбедени средства во износ од 30.000.000 денари, одлучи денеска Владата.

Базени ќе се градат во Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, а општините треба да предложат локација и да обезбедат одобрение за градба.

Информацијата за реализација на проектот, како што соопшти владината прес-служба, е усвоена на денешната седница.

„Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните три години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општинитe Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба“, велат од владината прес- служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Засега нема прекин на штрајкот: Попладне можна средба на СОНК со Владата за конечена одлука дали децата од утре ќе почнат со училиште

Редакција

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски оди во домашен притвор

Редакција

Детален преглед на состојбата со активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница