еМагазин
Image default
Бизнис

Владата не даде дозвола за рудникот „Иловица“

„Еуромакс Рисорсис“ ДОО Скопје не ги исполнува условите за експлоатација на „Иловица“, поради што ќе и биде одбиено барањето за добивање дозвола, соопшти Владата.

По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со „Еуромакс Рисорсис“.

Одлуката за неисполнување на условите, денеска на владина седница ја соопшти и образложи Министерството за економија.

-Министерството за економија на денешната седница на Владата информираше дека се исполнети законските услови за донесување решение за одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на Еуромакс Рисорсис ДОО Скопје.

Во информацијата што денеска ја презентираше Министерството за економија, утврдено е дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање дозвола за експлоатација, наведува владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Водовод и канализација“ вработува, плата до 29.400 денари

Редакција

Кабелските оператори го прекинаа реемитувањето на сите телевизиски програми, освен на МРТ

Редакција

Компании од индустриските зони најавуваат преселба на капацитетите од Украина во државава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница