еМагазин
Image default
Бизнис

Владата објави јавен повик до хотелите за да ги стават на располагање капацитетите за карантин

Владата објавува јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението, со цел справување со корона вирусот.

„Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден.

Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин кој што ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.

Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 29 март (недела) до 12 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: [email protected],“ информираат од Владата.

Јавниот повик на веб страницата на Владата е на следниот линк: vlada.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сите граѓани и фирми ќе добијат одложено плаќање на кредитите, велат од банките

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Сметководители заболени од коронавирусот, фелата бара итни мерки за заштита од Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овошјето и зеленчукот кои се увезуваат од Турција ќе поевтинат, бидејќи извозот кон Украина и Русија е прекинат

Редакција

Колкави примања имале Светозар Јаневски и членовите на Управниот одбор на Тиквеш лани

Редакција

ЈСП објави меѓународен тендер за набавка на нископодни еко-автобуси

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница