еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата повторно ангажира адвокати: Осум Украинци поведоа арбитражна постапка против земјава

Владата на последната седница ја разгледувала информацијата од претседавачот на Координативното тело во врска со ангажирање на правни застапници по повод поведена арбитражна постапка од страна на Артем Скубенко, Валентин Дрожденко, Анатолиј Семинога, Игор Переверзев, Артем Кадомски, Игор Компанец, Серги Надиеждин и Володомир Скубенко против нашата земја.

Станува збор за лица кои се дел од раководството на украинската компанија „Сардич“ која поседуваше концесија за отварање на рудникот „Казандол“ во валандовско. Во раководството на оваа компанија е и Ацо Спасеноски, поранешен министер за земјоделство, водостопанство и шумарство и амбасадор на земјава во Украина.

Рудникот „Казандол“ беше сопрен во фаза на изградба откако Владата минатата година донесе заклучок да побара правни услови за раскинување на договорот со „Сардич“ која е главен инвеститор во наоѓалиштето за бакар во валандовскиот крај.

Дозволата за експлоатација на минерални суровини на украинската компанија и беше доделена во јули 2015 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времено стопирана арбитражната постапка со Хеленик петролеум, грчката компанија бара од државата 32 милиони долари оштета

Година на арбитражи: Владата соочена со исплата мултимилионски штети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка лани исплатила милион евра за бруто плати и надоместоци на тројца главни менаџери

Редакција

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

Редакција

Македонски телеком има повеќе приходи од мобилни услуги на малопродажно ниво од А1 Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница