еМагазин
Image default
Македонија

Владата предложи продолжување на кризните состојби со топлинска и со електрична енергија

Предлог одлуки за продолжување на кризните состојби со топлинска и со електрична енергија до 30 април годинава се усвоени денеска на седница на Владата и ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.

Предлог одлуките се во согласност со заклучоците, мерките и препораките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи што се усвоени на владината седница.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, до 30.4.2023 година.

Воедно, како што дополнуваат, прифатен е и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државава, до 30.4.2023 година заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електричната енергија и за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, ќе бидат доставени на разгледување и одлучување до Собранието. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Опозицијата со 3.000 амандмани ја блокира промената на Деловникот која би овозможила онлајн работа на Собранието

Редакција

Кривична за тероризам за 63-годишен тетовчанец за лажни пријави за бомби во Делчево

Редакција

Владата ја тргна забраната за слетување на авионот на рускиот министер Лавров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница