еМагазин
Image default
Македонија

Владата се откажала од мерцедесот, Заев не се возел со него

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес конференција рече дека „мерцедесот“ е се уште дел од судската постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), поради што Владата не го користи.

„Мерцедесот е симбол на едно расипништво. Оваа Влада се откажа од него. Премиерот никогаш не го користи тој мерцедес. Мерцедесот е дел од судска постапка и се додека постапката е активна, мерцедесот ќе остане таму каде што е, во дел од таа судска постапка на СЈО.

Во истиот момент кога ќе заврши, кога ќе биде овозможено негово менаџирање во иднина, ќе видиме што ќе се случи. Но, Владата набавува нови возила за Службата на прва помош, рече Бошњаковски, алудирајќи на реакциите во јавноста зошто се пренаменуваат возила на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за возила за брза помош, кога може да се продаде мерцедесот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мерцедесот Ви легна“: Твитер за пренамената на комбиња од земјоделие во возила за брза помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за приведување на Ирена Ристиќ

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ обвини за два нови случаи на непотизам во Неготино

Редакција

Клиника за гастроенетрохепатологија: На Бојан Јовановски му беше закажан преглед, но тој не дојде

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница