еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата забрани групирање на јавни површини на повеќе од четири лица во текот на целиот ден

Владата на денешната на 18-та седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот, меѓу кои и забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден.

„Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана“, информираат од Владата.

На седницата било заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.

„Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест Ковид-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила“, соопштуваат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 10 пациенти, а вкупно се лекуваaт 243

Редакција

(Галерија) Протести на ВМРО-ДПМНЕ во седум градови: Мицкоски побара да запре политичкиот прогон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница