еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата забрани настапи на пејачи и диџеи по локалите, на една маса дозволено да седат 4 лица

Владата на својата осма седница ги усвои заклучоците од состанокот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со кои се предлагаат мерки за спречување од ширење на коронавирусот Ковид-19, соопшти владината прес-служба.

– Во насока на намалување на ризикот од појава и ширење на Ковид-19, Владата ги прифати ги препорача следите рестриктивни мерки на Комисијата: Не е дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели), се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели, во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица, се наведува во соопштението од владината седница.

Како што се додава во соопштението, согласно одлуката во протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, се брише точка 6 и се заменува со „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“, а во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се додава нова точка: „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“.

Од Владата посочуваат дека ќе се инсистира на стриктно почитување на точка 3 од Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и од Протоколот за отворање и работа на кафетериите, со која не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

– Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, вели Мицкоски

Редакција

Денеска пресуда за Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата

Редакција

(Вознемирувачко видео) Полицаец ладнокрвно уби колега во полициска станица во Тирана

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница