еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Владиците Петар и Агатангел оздравеа од Ковид-19, поминале без сериозни компликации

Владиката г. Петар и владиката г. Агатангел повеќе не се позитивни на Ковид 19, објави религија.мк.

За Цветници владиката г. Агатангел служел литургија во неговата епархија, а и двајцата поминале без сериозни компликации.

Владиката Петар пак минатата недела имал молитвено учество на Светата Божествена Литургија и се причестил со Светите Христови Тајни, а на крајот од литургијата зборувал и за неговото искуство со Ковид-19.

-Браќа и сестри, во ова тешко време за нас, сите го носиме својот спасителен Крст, па така и јас на оваа моја возраст, понесов уште еден Крст т.е. Крстот на оваа тешка и страшна болест, од која во моментот посебно е погоден и нашиот град, нашата Татковина и сиот свет.

Од се срце му благодарам на Бога, а и на вас, браќа и сестри, за вашите Свети молитви за мене недостојниот.

Во ова тешко време, браќа и сестри, да ги зајакнеме нашите молитви, постот и подвизи, за Милистовиот Бог, да го тргне од нас ова тешко искушение!

Спаси го Господи сиот свет, нашиот град и нашата Татковина Македонија, болните исцели ги и дај им сила на они што им служат и ги лекуват! Амин!, посочил г. Петар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владиците Петар и Агатангел се лекуваат од Ковид-19 во „Систина“

Фото: религија.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има осомничени за нападот на Раде Трајковски Штекли, вели Спасовски

Редакција

Кој е ризикот по здравјето, кога имате висок холестерол?

Редакција

Сите детали: Се укинува обврската отворените инвестициски фондови да се основаат со капитал од 300.000 евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница