еМагазин
Image default
Македонија

Владиката Петар за „Плусинфо“: Ни Свети Филипче нема да ја натера МПЦ да причестува со чисто лажиче

Луѓето што се неверници и што се против Бога да не се мешаат во црковните работи, бидејќи Црквата не се меша во работата на државата, вели за „Плусинфо“ митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, коментирајќи ја изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека го осудува причестувањето од една иста лажичка.

– Луѓето што не се во Црквата да не се мешаат во црковните работи, бидејќи нашите верници никогаш не се причестувале од повеќе лажички, па нема ни сега. Луѓето што се неверници и што се против Бога, тие нека си кажуваат што сакаат во јавноста, ама нека не се мешаат во Црквата како што ние не им се мешаме во државата.

Ние сме самостојна црква и сами ги носиме одлуките. Преку причестувањето, верниците ги примаат телото и крвта Христова, а тука не може да се експериментира. Ако заразата се ширеше преку причестувањето, тогаш сите свештеници, ѓакони и владици ќе беа мртви, оти ние се причестуваме по секоја литургија, секоја недела. Уште еднаш ќе повторам, луѓето кои се надвор од црквата да не се мешаат во црковните работи, вели владиката Петар за Плусинфо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако има најава за причестување од иста лажичка го осудувам и апелирам да не се прави, вели Филипче

Владиците Петар и Агатангел оздравеа од Ковид-19, поминале без сериозни компликации

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник лабораториски анализи на Д-димери и ЦРП во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“

Редакција

Најмногу над 60 години, 9 со претходни заболувања, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Најчест висока температура: 479 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница