еМагазин
Свет

Влезот на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна, вели руски висок безбедносен претставник

Приклучувањето на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна и самото НАТО тоа го сфаќа, изјави заменик-секретарот на рускиот Совет за национална безбедност, Александар Венедиктов, во интервју за ТАСС.

Вендиктов кажа дека украинското барање за брзо членство во НАТО е „повеќе пропаганден потег“.

„Киев е свесен дека таков чекор значи загарантирана ескалација за Третата светска војна. Очигледно, тие сметаат на тоа, да создадат информативна врева и уште еднаш да го свртат вниманието кон себе.

Но, имајќи предвид дека многу членови на режимот во Киев не се во допир со реалноста, не би бил изненаден доколку некои луѓе таму навистина очекуваат нивната земја да биде примена во НАТО.

Ние сме, исто така, свесни дека, и покрај декларациите за директно невклучување во настаните во Украина, вистинските дејствија што ги преземаа западњаците покажуваат дека тие се директна страна во конфликтот“, рече рускиот висок безбедносен претставник.

Тој додаде дека приемот на Украина во НАТО ќе значи автоматско активирање на членот 5, кој гарантира дека земјите од НАТО ќе учествуваат во одбраната на членка која е во војна.

-Самите членки на НАТО ја разбираат самоубиствената природа на овој чекор, рече тој, мислејќи на приемот на Украина во НАТО.

МИА/Фото: НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија е за прекин на огнот во Украина, но постојат нијанси, вели Путин

Редакција

(Видео) Над 280 загинати и 600 повредени во силен земјотрес во Авганистан

Редакција

Од коронавирусот во светот починаа 3.284, заразени се 95.488, а оздравеле 53.689 лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница