еМагазин
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Договорот беше добар, Заев немаше да го стави на референдум со двосмислени прашања

Доколку договорот со Грција беше навистина добар и го гарантираше македонскиот идентитет, Зоран Заев немаше да се двоуми и ќе го ставеше истиот на референдум без дополнителни прашања кои може да ги доведат во заблуда граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во него се додава дека доколку договорот беше историски успех за Македонија, Зоран Заев немаше да има дилеми да ги додава во референдумското прашање и ЕУ и НАТО, злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните кон нашите меѓународни партнери.
„Договорот е штетен! Со него се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура. Затоа Заев измислува трикови како да го измами народот за ги оправда антидржавните политики со кои ја покрива неспособноста и расипништвото. Зоран Заев и владеачкото мнозинство не бираат средства за да го реализираат штетниот и капитулантски договор.
Тие сега го уценуваат сопствениот народ и манипулираат со јавноста со двосмислени и тросмислени прашања сакајќи да прикажат дека оној кој што е против штетниот и капитулантски договор е против евроатланската интеграција на Република Македонија.
Оттука ВМРО-ДПМНЕ принципиелно стои на ставот дека условите кои еднаш важеле за избори треба да важат и сега. Почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја“, се додава во соопштението.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во 2020 година имало 55.444 казни по сите основи во сообраќајот, лани нивниот број пораснал на 240.871

Редакција

Радев му кажал на Вархеји дека Бугарија очекува дијалогот со Македонија да води до конкретни резултати

Редакција

Во Прилеп вкупно 100 заразени од коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница