еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Димовски, Митески и Јанакиески се уапсени од политички мотиви

Зоран Заев и СДСМ паѓаат. Власта нема поддршка од граѓаните, тоа го покажуваат и анкетите. ВМРО-ДПМНЕ е во сигурно водство во однос на СДСМ. Затоа власта е исплашена и во паника притвора и прогонува функционери на ВМРО-ДПМНЕ, регираат од партија по вчерашната акција на МВР.

“Обвинителството на Зоран Заев вчера од чисто политички мотиви ги уапси Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја објави аферата за насилникот Курто Дудуш и Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, кој и нанесе тежок пораз на власта во оваа скопска општина.

Со политичкиот прогон врз Димовски, Митевски, Јанакиески и останатите, Зоран Заев не може да го покрие разочарувањето и катастрофата која секојдневно им ја приредува на граѓаните.

Димитар и Дејан се уапсени и малтретирани затоа што не и се плашат на власта, затоа што јавно ги обелоденуваат криминалите на СДСМ.

Криминалната влада на Зоран Заев мисли дека со монтирани случаи ќе ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, како криминалот, рекетот, непотизмот, корупцијата, урнисаното образование, неуспесите во земјоделието и сите катастрофи кои ги причини оваа власт.

Заплашувањата нема да успеат. Граѓаните одамна препознаа дека со СДСМ државата не може да оди напред. Во услови на вистински режим 25 % од граѓаните го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 23.1 % за СДСМ.

Поддршката на сметка на ВМРО-ДПМНЕ само ќе расте и СДСМ тоа го знае. Доаѓа денот за одговорност, Заев и сите негови пулени на функции ќе треба да се соочат со правдата“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер Миле Јанакиески и уште седум лица добија притвор од 30 дена

„Стар си кога поретко излегуваш од Миле Јанакиески шо оди во притвор“: Твитер реакции за новото апсење и новиот притвор за екс министерот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа осум лица од Ковид-19: Вкупната бројка достигна 2.530

Редакција

Заев упати повик до ВМРО-ДПМНЕ: Потребно е единство, Македонија нема друга алтернатива

Редакција

(Фото) „Бехтел и Енка“ бара работници со познавање на „северномакедонски јазик“, кој не постои

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница