еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ останува на став дека онлајн работењето на Парламентот е неуставно 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до пладне го немаа добиено предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието со којшто би се овозможило вклучување во работата на Собранието на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација.

Пратеникот Иван Јорданов на прес-конференција изјави дека по ова прашање нивниот став е непроменет.

– Досега до нас како пратеници нема стигнато никаква иницијатива, ниту предлог за онлајн работа на Собранието. Нашиот став по однос на ова е веќе познат во јавноста, а тоа е дека ова работење е неуставно според членот 69 од Уставот на Република Македонија, рече Јорданов одговарајќи на новинарско прашање.

Според Јорданов, овој член од Уставот јасно прецизира дека Собранието може да работи, да заседава и да одлучува со присуство на мнозинство пратеници од вкупниот број на пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери предложи дополнувања на Деловникот за одржување онлајн седници

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го менува Законот за матична евиденција: Ќе им се признава родовиот идентитет на трансродовите лица

Редакција

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е виновна за превозот и хигиената, обвини Арсовска

Редакција

Османи вели дека „топката“ е кај Бугарија: Не работиме на ништо ново

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница