еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи со Бугарија и го повика Османи на собраниска комисија

ВМРО-ДПМНЕ нема добиено покана од Владата да има претставници во работните групи со Бугарија, а доколку и добие покана опозициската партија нема да учествува зашто така би била декор на власта и би дала легитимитет на нивното погрешно функционирање, изјави денеска партискиот портпарол, Димче Арсовски.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој додаде дека собраниската Комисија за надворешни работи е местото каде што власта треба да учествува и да одговора на нивни прашања.

-Ние упорно ги каниме да дојдат и да одговараат на прашања и ги бараме одговорите на тие прашања. Министерот Бујар Османи упорно бега да даде одговори и не учествува на Комисијата. Претходно истото беше случај со Никола Димитров, а сега е со Бујар Османи.

Така што, еве, повик јавно Бујар Османи да земе учество во таа Комисија за надворешни работи во Собранието на иницијатива на нашиот сопартиец Антонијо Милошоски и да одговори на сите прашања коишто ги бара јавноста, граѓаните, опозицијата и сите останати чинители во Република Македонија, рече Арсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре сончево со мала облачност, врнежи од дожд во сабота

Редакција

Продолжува трендот на негативен природен прираст

Редакција

Детален преглед: Кој и како може да аплицира за државна помош од 14.500 денари по вработен?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница