еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-амандманите за Законот за јавното обвинителство се поднесени, Дескоска да го провери мејлот

Рената Десковска лаже како Зоран Заев. Срамен е начинот на кој што таа и Заев ги злоупотребуваат државните институции во одбрана на лагите и манипулациите на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ по реакцијата на Министерството за правда дека до нив не стигнале предлог-амандманите за Законот за јавното обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ.

“Ја повикуваме Рената Десковска да го отвори сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски точно во 16 часот 19 минути и 16 секунди?

За да се смали просторот за манипулации еве и помош на Десковска. Во прилог Ви испраќаме слика од маилот во кој што се испратени амандманите во атачмент.

Го разбираме Зоран Заев и СДСМ дека се во паника и не знаат што да прават, но лажењето на граѓаните не е опција и не смее да биде случај.

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот, кој е клучен за правосудството во државата, нашите предлог амандмани се во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите за заштита на човековите права“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерство за правда го демантира Мицкоски: Амандмани за Законот за јавно обвинителство не се доставени

ВМРО-ДПМНЕ доставила 65 амандмани за законот за СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стефанова на судењето за „Рекет“: Осомничените во „Империја“ скоро секогаш дознавале што презема СЈО против нив

Редакција

Нови 303 случаи на Ковид-19 од 1.405 тестирања, бројот на активни случаи е 18.000

Редакција

Ковачевски за францускиот предлог: Еве кои елементи од него се клучни, за да биде прифатлив за нас

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница