еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ: Прифатливо е спојувањето на СЈО и ЈО, Русковска не

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе изнесе конкретни забелешки за новиот предлог-закон за јавно обвинителство што го предложи премиерот Зоран Заев откако ќе го анализира, а прифатливо е, како што рече денеска партискиот портпарол Димче Арсовски, спојувањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Јавното обвинителство.

– Со спојувањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Јавното обвинителство односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето, тоа е практично прифатливо и тоа е една од да речам оние можности кои што беа понудени.

Во однос на деталите на законот веднаш штом ќе биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови, рече Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Во однос на предлогот шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска да го раководи новото обвинителство, Арсовски истакна дека тоа е лична желба на премиерот Заев која за нив е далеку од прифатлива.

Како што посочи, рано е да се разговара кој е прифатлив за такво нешто, а додека да стаса во Собранието новиот предлог-закон, тие ќе се фокусираат на нивниот предлог-закон што планираат да го поднесат до Собранието, како и на настојување за разговор за датум за предвремени парламентарни избори коишто сметаат дека сега се повеќе потребни од кога било претходно.

-До моментот додека не излеземе со конечна анализа односно  негативни забелешки, позитивни страни на нивниот закон, остануваме фокусирани на изработка односно дефинирање на нашиот.

Во моментот кога ќе излеземе со забелешките и негативностите, бидејќи само што почна да се анализира, ќе видиме колку е спротивен, колку е различен, а колку е ист тој закон кој што го има предложено Зоран Заев со нашите ставови, за веднаш потоа да излеземе да понудиме не конечно решение, меѓутоа прилично прифатлив за сите политички партии, а со цел за директен бенефит на граѓаните и да има неселективна правда во Република Македонија, рече Арсовски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави плати ќе земат обвинителите и што ќе се случи со вработените од СЈО: Што пишува во предлог-законот за „новото СЈО“

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Заев ја предлага да го води „новото СЈО“

„Заев ако те сакала Катица вистински ќе ти се врати„: Tвитер за “новото СЈО“ кое ќе го води Вилма Русковска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сашко Кузманов го презеде струмичко “Единство“

Редакција

(Видео) Пендаровски: За да има помирување, треба извинување од Бугарија за депортацијата на македонските Евреи

Редакција

Пендаровски и претседателите на НАТО земји-членки со заедничка изјава: Никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница