еМагазин
Локално

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некој проект

Македонија ја има најнеспособната влада, а за жал Градот Скопје го доби најнеспособниот градски татко, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека „денес во главниот град не е главна тема правење на булевари, паркови, водоводи и канализации, туку главен проблем стана рутинско прскање против комарци.“

„Петре Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некаков проект или реши некој позначаен проблем. Шилегов ги остави граѓаните на милост и немилост на комарците кои можат да се пренесуваат најразлични болести кои се присутни и во Европа и регионот, од типот на Зика, Нилска треска, маларија, лајшманија. Само во државите на ЕУ оваа година се пријавени 51 случај на заболени од западно-нилска треска, додека во Србија се пријавени дури 70 случаи“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Шилегов и СДСМ најобичното прскање против комарци го претворија во епохална битка која не можат да ја победат, а сето тоа го трпат граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од обидот за силување на жената во скопска Кисела Вода

Редакција

Угинаа два коња во Зоолошка градина, најверојатно се отруени

Редакција

Трагедија во Претор: Сопружници запалиле гранки во нивната бавча, мажот се загушил од густиот чад

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница