еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на Телеком не е соодветно објаснување за платите тешки неколку илјади евра

Кога Телеком, каде и државата преку владата е сопственик збори за непартизираност на институцијата, треба да одговорат дали истото соопштение го пишувале Нина Ангеловска, поранешна министерка за финансии од владата на Заев, во време кога Ковачевски и беше заменик, а сега член на Oдборот на директори на Телеком, регираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од Македонски Телеком, за т.н. афера „Паразити“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Љушев и Пројкоски не се назначени од Владата, велат од Македонски Телеком за аферата „Паразити“

-Или пак тоа е пишувано од Зоран Китанов, кој исто е член на Одборот на директори на Телеком, а поранешен директор на Агенцијата за патишта. Или пак од Шкодране Дардишта. која исто е член на Одборот на директори на Телеком, а како кадар на ДУИ беше 12 годишен директор на службите на државна клиника и позната по заканите за етничка војна во државава.

Или пак истото соопштение го пишувал Садула Дураку како сегашен член на Одборот на директори на Телеком, а поранешен министер на ДУИ за животна средина.

Ваквите автоголови на партизираното раководство на Телеком не се соодветно објаснување за аферата „Паразити“ и платите тешки неколку илјади евра кои ги земаат членовите на раководството на Телеком како што е Никола Љушев, туку тежок блам за компанијата и владата на СДС, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се преставниците на Владата во Македонски Телеком

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

Редакција

Предлогот стаса, но се уште нема закажано седница за избор на Пенов за министер за локална самоуправа

Редакција

Димитров: Тешко е да се проголта фактот дека Груевски ќе бара спас во земја-членка на ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница