еМагазин
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Вчера беа погребани европските вредности во Македонија

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието на Република Македонија беше срам каков што светот не видел. Зоран Заев и криминалниот картел на власт покажаа дека за нив ништо не значат демократските вредности и волјата на народот и дека оваа гарнитура на власт се архетип на корупција, уцени и закани.

Ова се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Собранието.

„Вчера беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ.

Македонскиот народ секогаш низ историјата знаел како соодветно да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари кои за грст пари ја газеле неговата волја и да ги фрли на буништето на својата национална историја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Осумдесет херои презедоа одговорност за иднината на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 241 пациени болни од Ковид-19

Редакција

Училиштата ќе бидат дополнително обезбедувани од полицијата за да има непречена настава поради дојавите за бомби

Редакција

Пратениците од власта и опозицијата сложни кога треба да се делат буџетски пари на партиите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница