еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Вице Заев е дел од структурите штo уценуваа и им се закануваа на пратениците

Од ВМРО-ДПМНЕ, регираат на интервјуто на Вице Заев, братот на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Од партијата велат дека со интервјуто само се официјализирала новата коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.

„Иако не е достојно нивото на комуникација потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски да му одговара на Вице Заев човек за кој постојат сериозни сомнежи за криминал би го посочиле следново: Непобитен факт е дека Вице Заев е дел од структурите кои вршеа притисок, уцени и закани врз пратеници за да гласаат „ЗА“ уставните измени, водејќи се од лични и лукративни интереси за него и неговото семејство. Тоа е единственото што знаат да го прават. Такви се тие „успешни бизнисмени“.

Вистината и правдата ќе дојде на виделина и ќе дојде време за тоа. Нема никакво извинување за криминалниот картел на власта, а судството кое е целосно диригирано од Заеви каде неправдата „цвета како пупка“ истото тоа кое го ослободува братот на Вице, Зоран Заев од очигледни криминали каде постојат видеа за поткуп, во овој момент не може да испорача правда. Иако ќе дојде набргу време и тоа да се промени.

И за крај во НАТО и ЕУ не поминуваат бизнис шемите на Заеви и затоа е смешно Вице да зборува за нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице Заев за 1ТВ: Николовски има три дена да ги докаже обвинувањата за криминална коалиција со Мијалков, во спротивно ќе го тужам!

ВМРО-ДПМНЕ: Честитка за новата криминална коалиција на Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа девет лица, вкупната бројка на починати е 7.337

Редакција

Во Бугарија не среќни со предлогот на Силва и Вархеји и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете, вели Шекеринска

Редакција

„Траекторија“ продолжува на 18 септември со дослушување „бомби“ на СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница