еМагазин
Image default
Локално

Внук спречил силување на баба му во Струмица

Внук на шеесет и седумгодишна жителка од Струмица и негов пријател вчера го спречиле А.К. (28) од село Бориево да изврши полови дејствија врз струмичанката, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Имено, вчера околу 23:30 часот струмичанката пријавила дека додека била во својот дом дошол А.К. и се обидел да ја силува. Таа по телефон го повикала нејзиниот внук Б.Д. од село Мокрино, кој заедно со Ѓ.Н. физички го нападнале А.К. со тврд предмет.

Синоќа околу 01:40 часот на подрачјето на Ново Село полициски службеници го лишиле од слобода А.К. заради основано сомневање за сторено кривично дело силување казниво по член 186, став 5 од Кривичниот законик.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден тешко повреден во судар меѓу камион и автобус на патот Градско-Прилеп

Редакција

Тешко повреден пешак по удар од „бмв“

Редакција

Од денеска започна да функционира јавниот градски превоз во Струмица, со новите електрични автобуси

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница