еМагазин
Бизнис

20 милиони денари за повластени производители на електрична енергија по премиум тарифи во 2022 година

Програма за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2022 година донесе Владата на денешната 130-та седница.

Програмата, информираат од владината прес-служба, ја уредува вкупната инсталирана моќност на електроцентралите по вид на технологии за кои ќе се доделува премија по спроведена тендерска постапка и склучени договори за користење на премија во 2021 година и износот на средствата потребни за исплата на премиите за произведената и продадена електрична енергија во 2022 година.

Корисници на средства од оваа програма се производителите на електрична енергија коишто во согласност со Законот за енергетика се стекнале со право на користење на премија.

-За реализација на оваа програма се обезбедуваат 20.000.000 денари кои се утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. Средствата на оваа програма се доделуваат врз основа на договори за користење на премија склучени помеѓу Министерството за економија и корисникот на средствата, коешто е одговорно и за начинот и динамиката за реализирањето на оваа програма, прецизираат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Живко Мукаетов купи 500 акции од „Алкалоид“

Редакција

Граѓаните на приватното здравство платиле 18,6 милиони евра, поради немање доволно термини за ковид-тестирање на државно, утврди Државниот завод за ревизија

Редакција

Реплек лани со раст на добивката од 201%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница