еМагазин
Локално

Во 21 век жителите од Канатларци повторно имаат пошта

Денеска беше радосен ден за околу 2.000 жители во прилепското село Канатларци, зашто по осум години, а во 21 век, повторно имаат селска пошта, пишува „meta.mk“.

„Македонски пошти“ во соработка со Општина Прилеп, ја рестартираше оваа експозитура што се наоѓа во центарот на селото.

Жителите се задоволни, зашто велат дека ќе им се скратат трошоците и времето што досега го оддвојувале за да платат сметки до градот.

„Секако дека сме задоволни. Досега оддвојуваме ден и во време на најголеми земјоделски работи за да платиме сметки во градот. Што да правиме, што се мора, мора. Па, некогаш заедно по неколку мина, одевме до градот. Канатларци е големо село, има и млади, кои што имаат многу потреби поврзани со поштата. Секако дека отворањето на оваа селска пошта многу ни значи“, велат жителите.

Во поштата во Канатларци, поштенски услуги ќе добиваат и жителите на соседните села Ерековци, Марул и Подмол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нечовечна измама во Ресен: „Вработен во ПИОМ“ му зел 3.000 денари за набавка на инвалидска количка

Редакција

Кумановец доби кривична пријава за убиство во обид

Редакција

Бесплатен јавен превоз по повод манифестацијата „Бела ноќ“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница