еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во акција на Интерпол спречен увоз на 63 тони пилешко месо од Полска во Македонија

Спречен е увоз на 63 тони пилешко месо од Полска за да не се внесе вирусот на високо патогена инфлуенца во земјава.

Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, се работи за три пратки механички обескостено пилешко месо (МОМ) кои требале да се „протнат“ преку граничниот премин Табановце.

Увозот е спречен, а пратките се нештетно уништени на депонијата Дрисла.

– Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство беа дел од големата акција ОПСОН 9 на Интерпол и Еуропол, во која Република Северна Македонија учествуваше заедно со уште 82 држави.

Акцијата се реализира од декември 2019 до јуни 2020 година, а акцент беше ставен на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци.

Во рамки на законски дефинираните надлежности, официјалните ветеринари на граничен премин, во насока на заштита од внесување на вирусот на високо патогена инфлуенца во Република Северна Македонија, спречија увоз на три пратки со по 21 тон механички обескостено пилешко месо кои потекнуваат од региони во Полска кои поради оваа болест се забранети за увоз, велат од АХВ.

Во март годинава инспекциските служби на Агенција, во рамки на акцијата ОПСОН 9 на Интерпол и Еуропол, утврдија недоследност и кај еден оператор со храна кој увезол над 20 тони преработки од месо по потекло од Холандија. Кај него со лабораториските испитувања е утврдено дека постојат неусогласености кај декларираниот производ.

Од вкупно увезената количина месни преработки, околу 17 тони се вратени на извозникот од Холандија, а повеќе од 1,7 тони преработки од месо увезени во март годинава, се нештетно уништени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еве на кој број можете да му се јавите на министерот Таравари

Редакција

Изјавата на Касами е дискриминаторска за македонскиот народ и сите други кои живеат во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Лекарска комора објави листа на доктори со важечки лиценци за работа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница