еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Албанија спречен шверц на хашиш со крајна дестинација – македонскиот наркопазар

Албанската полиција од градот Поградец денеска уапсила три лица, откако во нивното возило биле пронајдени вкупно 58 килограми хашиш, кои требало да завршат на македонскиот наркопазар.

Уапсените се 17-годишник со иницијали М.К., како и Ликенд Баша(30), двајцата од Круја и Ериса Феро (28) жителка на Тирана, инаку, вработена во Националната агенција за информатичко општество.

-Дрогата е откриена во автомобил „фолгсваген“ сопственост на Ериса Феро, додека другите две лица го набљудувале патот. Таа била „задолжена“ дрогата да ја транспортира од Тирана до граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, за потоа да ја предаде дрогата на Лика Баша, кој требало да ја пренесе во Македонија. Полицијата ги пресретнала во близина на преминот, стои во полициското соопштение.

Во оваа наркомрежа осомничени сè уште две лица, како соработници, по кои се трага. Тие се осомничени дека биле нарачатели на дрогата.

Ова е тринаесетта успешна акција на албанската полиција од овој регион во сузбивањето на шверцот со дрога во правец на македонската територија, што е во рамки на акцијата „Рестарт“ почната во ноември 2021 година.

Како што информираа од Националната агенција за информатичко општество, против Ериса Феро, која имала раководна функција веднаш е започната постапка за нејзина суспензија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако имате лет за време на Советот на ОБСЕ, тргнете навреме имајќи го предвид посебниот сообраќаен режим, апелираат од ТАВ

Редакција

Неприфатливи се изјавите на европратеникот Џамбаски за Пендаровски и територијалните претензии, вели евроамбасадорот Гир

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на струја вреден 57.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница