еМагазин
Image default
Бизнис

Во јануари раст на бројот на одобренија за градење, предвидена изградба на 353 станови

Во јануари годинава се издадени 259 одобренија за градење, што е за 30,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија има во Полошкиот регион, каде се издадени 83 одобренија, по што следат Скопскиот, 51, Вардарскиот, 38, Југоисточниот, 29, Источниот, 20, Пелагонискиот, 18, Југозападниот, 16, како и Североисточниот каде се издадени само четири.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.767.024.000 денари, што е за 186 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 154 (59,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 24 (9,3  проценти) од нискоградба и 81 (31,1 процент) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 259 објекти, на 171 (66 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 88 (34 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 353 станови, со вкупна корисна површина од 33 312 метри квадратни. Притоа, повеќе од половина се во Скопје, 194, од кои 98 во Кисела Вода, 44 во Чаир, 30 во Петровец.

Стои и осум станови се планирани во Полошкиот регион, односно 41 во Гостивар, по 26 во Тетово и во Теарце, девет во Желино…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрена нова систематизација: Бројот на вработени во МРТ ќе се зголеми за 460 лица

Редакција

ССМ: Работодавачите да ги почитуваат мерките за превенирање од последици од топлите бранови

Редакција

Бугарскиот Универзитет од Велико Трново отвора филијала во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница