еМагазин
Бизнис

Во јануари раст на извозот за 13,7, а на увозот за 5%

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во јануари годинава изнесувал 621.120 илјади евра и бележи пораст од 13.7% во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 848.978 илјади евра, што е за 5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари била 73.2%, а трговскиот дефицит изнесувал 227.858 илјади евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во јануари 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца скопјани оствариле приход од 3,5 и 2,7 милиони евра во 2017 година

Редакција

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми повторно ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција

(Фото) Пуштен експресниот пат Градско-Дреново, долг 15,5 километри

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница