еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во април за 1,9% намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во април годинава во однос на април лани е намален за 1,9 проценти. Во периодот јануари – април година, пак, во однос на истиот период лани, има намалување од два проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење камен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бројот на работници бележи опаѓање од 3,1 процент, во Преработувачка индустрија од 1,8 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,5 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6 проценти. Пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9  проценти, Капитални производи за 2,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 проценти.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да пресметате колку ќе плаќате струја со воведување на новиот тарифен модел

Редакција

Новите ковид-мерки ги испразнија трговските центри: Прометот во Сити мол намален за 40 проценти

Редакција

Раст на цените: Трошоците на живот зголемени за 3,7%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница