еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во август бројот на домашни туристи се зголемил само за 8,9%

Туризмот во август годинава бележи пораст кај домашните туристи за 8,9 отсто, при што намалувањето на бројот на странските туристи во овој меец изнесува 92,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесува 133.704, а бројот на ноќевањата изнесува 684.719.

Бројот на туристите во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е намален за 38,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 24,3 отсто.

Бројот на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 8,9 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 92,8 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за  1,1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 91,3 отсто.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на тој период лани, бројот на туристите е намален за 59,9 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 25,3 отсто, а кај странските има намалување за  82,2 отсто.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 45 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 16,3 отсто, а кај странските има намалување за 82,8 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На дното: Пет најниски плати во Македонија

Редакција

Во јули намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Редакција

Во Македонија се фрлаат 12.000 тони вишок храна, а 450.000 луѓе се со еден оброк дневно

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница