еМагазин
Локално

Во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид пронајдени 1.243 стебла марихуана

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со СВР Охрид на 14 јуни 2021 на подрачјето на Охрид лишија од слобода две лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од МВР денеска информираа дека против нив од страна на СВР Охрид е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен Суд Охрид.

– Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, работејќи на полето на сузбивање на организирани криминални групи кои вршат производство и недозволена трговија со наркотични дроги на национално и меѓународно ниво, заедно со полициски службеници од СВР Охрид спроведоа заедничка координирана акција на подрачјето на Охрид, при што во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид беа пронајдени и запленети 1.243 стебла Канабис сатива, соопштија денеска од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот превоз во Скопје викендов ќе сообраќа до 20 часот

Редакција

Тракторист почина во тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово-Јажинце

Редакција

Неколкумина тепале скопјанец пред угостителски објект на „Партизанска“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница