еМагазин
Image default
Локално

Во близина на мостот „Гемиџии“ во Велес извлечен човечки труп од реката Вардар

Во близина на мостот „Гемиџии“, во реката Вардар денеска околу пладне бил пронајден човечки труп за што било пријавено во СВР Велес, кои со асистенција на пожарникарите од ТППЕ Велес го извадиле телото од реката.

Еден од пожарникарите кој учествувал во неговото извлекување за МИА информира дека трупот бил во поодмината фаза на распаѓање.

По наредба на Основен јавен обвинител кој бил на увид на настанот телото бил предаден на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, информира за МИА, Верољуб Додевски, портпаролот на СВР Велес.

-Поради тоа што не се знае идентитетот на трупот, се продолжува со оперативните активности за утврдување на идентитетот на лицето, појасни Додевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

42-годишен прилепчанец пронајден мртов во парк

Редакција

Голем шумски пожар близу РЕК „Осломеј“ во Кичево

Редакција

(Фото) Снежна бајка во Аурора ресорт&спа во Берово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница