еМагазин
Image default
Македонија

Во болницата Козле се хоспитализирани четири деца позитивни на корона вирусот

Министерство за здравство информираше дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 4 позитивни деца и 8 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени нови 70 заболени од корона вирусот, најмногу од Скопје, Свети Николе и Гостивар

Бројката на дијагностицирани со Ковид-19 надмина 10.000: Нови 152 случаи, најмногу во Скопје, Куманово, Штип

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На ГП Табановце влегле 2.133 лица до 15.30 часот

Редакција

Мицкоски: Неприфатливо е да примаме многу повеќе бегалци од Авганистан од побогати држави од нас

Редакција

Заев не се појави на денешното судење со Николоски, иако премиерот тужи за клевета за случајот „Рекет“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница