еМагазин
Македонија

Во болницата во Битола почина 19-годишната девојка со Даунов синдром, која беше суспектна на Ковид-19

Во болницата во Битола почина 19-годишната девојка со Даунов синдром, која беше суспектна на вирусот, пренесува Независен.

Таа била донесена во тешка клиничка состојба во болницата, веднаш лечена со соодветна терапија, но обидите на лекарите да ѝ го спасат животот останаа безуспешни.

„Девојката почина само неколку часа по приемот, ги презедовме сите реанимациски мерки, но не дадоа резултати, беше во тешка состојба.

Таа беше суспектна на Ковид-19, но ги имаше сите особини на вирусот, нема да влезе во официјалната статистика на ковид починати“, вели за Независен, д-р Билјана Гагачовска, директор на битолската болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска почнува новото судење за масовното прислушување, Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа

Редакција

Бугарското Собрание гласаше „за“ почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ

Редакција

Јанкулоска се враќа во судница: Продолжува судењето за „Титаник“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница