еМагазин
Image default
Македонија

Во болницата во Дебар има 38 ковид-пациенти, најмладиот е на 36 години

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар расте бројот на хоспитализирани ковид-пациенти, чиј број споредно со вчера е за девет повеќе.

-За жал, бројот на оние на кои им е неопходен болнички третман постојано расте. Во последното деноноќие имаме девет пациенти повеќе или моментно вкупно се 38.

Од нив, 20 се хоспитализирани во ковид-центарот во инфективното одделение, од нив дури 19 се на кислородна поддршка.

Во хирушкото одделение, кое исто така сега е пренаменето за овие пациенти, кои се со полесна клиничка слика, имаме 18, од нив девет на повремена кислородна поддршка, рече за МИА, Баки Алили, директор на болницата.

Според возраста, најмладиот пациент има 36, а највозрасниот е на 80 години, додека од вкупниот број, над 20 отсто се до 45-годишна возраст.

-Во здравствените установи во Скопје, од нашето подрачје хоспитализирани се три лица, двајца од нив на 26 и 28-годишна возраст. Во нашата болница на дневна терапија се над 20 лица, а тројно поголем е бројот на оние кои се јавуваат на преглед со симптоми карактеристични за Ковид-19, додава Алили.

Апелира до граѓаните што е можно побрзо да се вакцинираат, за да го заштититат сопственото, но и здравјето и животот на другите и што „побрзо да се вратиме на нашите деловни активности и нормалниот тек на живот“.

Посочува дека во модуларната болница непречено, со зголемена динамка, се одвива имунизацијата, за што не е потребно закажан термин, туку секое лице кое сака да се имунизира треба да поседува еднствено документ за лична идентифкација.

Само во последните два дена, нагласува, аплицирани се околу 600 вакцини, најголем процент од Фајзер, но и од Синофарм и АстраЗенека и од сите има доволно количини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 32 хоспитализарани во Охрид 11 се на кислородна поддршка, најмладиот има 26 години

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Неформалната вечера на балканските лидери во Брисел без многу детали за јавноста

Редакција

Д-р Горан Кунгуловски: Како вакцините против Ковид-19 се направија за толку брзо време и дали се сигурни?

Редакција

Првиот сет на податоци од Пописот, ќе бидат објавени утре

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница