еМагазин
Image default
Македонија

Во болниците низ Македонија хоспитализирани 576 пациенти со Ковид-19, има 183 слободни кревети

На инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со Ковид-19 и има 183 слободни кревети.

Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември“ и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ, информираа за МИА од Минстерството за здравство.

Посочија дека според податоците кои клиниките и болниците секое утро им ги доставуваат, во моментот во Скопје слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември“ и на Институтот за ТБЦ.

Министерството за здравство, како што се нагласува, на дневна основа ја следи состојбата со болничките капацитети во однос на нивната исполонетост, со цел навремено планирање на наредните чекори за соодветно згрижување на сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери ја предводи државно – црковната делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил

Редакција

Пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка, се повлече и од сите функции во AA на Таравари

Редакција

Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница