еМагазин
Image default
Балкан

Во Бугарија уапсен Романец во врска со убиството на новинарката Маринова

Бугарската полиција привела осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, изјавил владин извор запознаен со истрагата.

– Можеме да кажеме дека е приведен еден осомничен, рекол изворот без да открие други детали.

Претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи не сакал ниту да ја потврди ниту да ја демантира информацијата, наведувајќи дека Министерството подоцна ќе објави соопштение.

Во исто време, Бугарското национално радио јави дека државјанин на Романија е уапсен во врска со тоа тешко злосторство.

Бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова (30) во саботата беше брутално претепана, силувана и задавена во Русе, северна Бугарија, а нејзиното тело беше пронајдено во паркот во близина на реката Дунав.

Маринова беше новинар и уредник на бугарската телевизија ТВН и известуваше за истрага за наводна корупција поврзана со фондовите на ЕУ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледаше акцијата на косовските специјалци што ги зовре односите меѓу Србија и Косово?

Редакција

Границата со Грција останува затворена најмалку до 25 октомври

Редакција

Во Бугарија ќе има нови парламентарни избори, прашањето е само кога

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница